„Гугл“ скрил 19,2 милијарди долари на Бермудите
Американската компанија Гугл префрлила 19,2 милиајрди долари на Бермудите во 2016 година што им овозможило заштеда на повеќе од три милијарди долари на даночна основа.
Користејќи даночни „дупки“, Гугл префрлил седум отсто повеќе пари отколку во 2015 година, остварувајќи заштеда од 3,7 милијарди долари, објави Економик тајмс.
За да „заштити“ профит остварен во странство од одданочување, речиси сиот приход од една филијала во Ирска, Гугл го префрлил на компанија во Холандија (без вработени) и потоа на Бермудските Острови, каде на компаниите не им се наплатува никаков данок.
И покрај критиките за таквата даночна шема, праксата на Гугл е целосно законска.
– Ние ги плаќаме сите даноци во согласност со даночните закони во секоја држава во светот во која работиме, нагласува портпарол на Гугл во изјава за американски медиуми.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците