Македонија
22. January 2021 - 14:13

Груби: Убеден сум дека пописот во април ќе се одржи

Убеден сум дека пописот ќе се спроведе во април оваа година, изјави денеска на прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавата на заменик директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами дека можно е пописот да се одложи поради пандемијата, рече дека тоа е негов став, но и став на ДУИ и на Владата.

-Пописот е процес којшто го започнавме уште минатата година и треба да се одржи годинава. Имаше апсолутна поддршка од страна на двете носечки партии на коалицијата и ДУИ и СДСМ, но знаете пандемијата, одржувањето на изборите го одложија и јас сум убеден, а тоа е став и на партијата која ја застапувам и на Владата чиј дел сум дека пописот ќе се одржи во април 2021 година и не очекувам апсолутно никаков проблем, туку очекувам сите граѓани да се попишат, рече Груби на прес-конференција.