Македонија
30. September 2022 - 16:39

Груби: Сите се построени позади Али Ахмети

Секоја партија може без секој, но ДУИ не може без Али Ахмети- првиот вицепремиер Груби во одбрана на партискиот лидер. Со низа епитети му ги препиша сите заслуги за успесите на ДУИ во последните 20 години, додека за себе нешто поскромно, вели дека е најмалку заслужен. Откако дел од функционерите на партијата бараа Груби да биде разрешен, тој негира дека има раскол во партијата, а вели- сите се построени позади Али Ахмети.

Опозицијата е таа која треба да предложи интерпелација за разрешување на Груби, истакна потпретседателот на ДУИ, кои е дел од огнените кои имаат забелешки за работата на првиот вицепремиер. Но опозицискиот лидер Мицкоски со друг план, предлага сите заедно да гласаат за распуштање на Собранието.

Огнената група ја сочинуваат дваесетина функционери на ДУИ, кои се потписници на отвореното писмо преку кое се бара смена на Артан Груби како и одговорност од функционери на извршната власт. Вчера дел од нив беа во Мала Речица да се сретнат со Ахмети, средба која заврши со фотографии со насмеани лица и прегратки со партискиот лидер, но ист став- дека треба да има промени во извршната власт.