Македонија
22. March 2018 - 16:31

Груби: Одлуката за прекинување на пописот е на Собранието на Р. Македонија

Пописот не е пропаднат, туку е прекинат со одлука на Собранието, а по предлог на Владата изјави пратеникот на ДУИ Артан Груби, во врска со прес конференцијата на СЈО на која беше објавено дека се отвора истрага за нереализираниот попис во 2011 година.

Тој вели дека како член на пописната комисија, лично бил сведок на непропорционалното имплементирање на методологијата за попишување на населението, посебно од државниот завод за статистика.

Вчерашната одлука на СЈО да отвори истрага за неуспешно спроведување на пописот, силно ја разбранува јавноста во нашата земја.

Посебно, откако беше соопштено дека се отвора прва острага за лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според обвинението на СЈО, Ахмети и Груевски се осомничени дека  договориле прекин на пописот, со што буџетот бил оштетен за над 170 милиони денари.

Една од главните теми и на Централно претседателство на ДУИ се очекува да биде и одлуката на СЈО за отворање на истрага за пописот.