Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со францускиот предлог
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Вероник Хулман.
Содржината на францускиот предлог, протестите против овој предлог и предизвиците кон интегративниот пат на земјата беа дел од темите на кои се разговараше на оваа средба.
Исклучително важно е да се отклучи патот кон интеграцијата во ЕУ преку конструктивен и опсежен преглед на Францускиот предлог поддржан од 27-те земји членки на ЕУ, чиј предлог не им наштетува на идентитетот, културните, јазичните и историските особености на нашите сограѓани.
Груби истакна дека во овие клучни моменти за државата треба да се дејствува рационално, искористувајќи ја историската можност за решавање на последниот спор со Бугарија.
Амбасадорката Хулман, беше информирана од првиот Потпрестедател на Владата, г-дин Груби за транспарентниот процес околу францускиот предлог и заедно констатираа потреба од оперативна компактност и сеопфатен ангажман на сите политички чинители, академскиот свет, граѓанскиот сектор и сите граѓани за надминување на предизвиците, бидејќи е време рационалноста да триумфира над субјективниот протагонизам.
Груби и амбасадорката Хулман се фокусираа и на реакциите предизвикани од објавувањето на содржината на предлогот, при што Груби го осуди насилството употребено за време на организираните протести кои беа оценети како непотребни, антиевропски и штетни со цел дестабилизација на земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација