Бизнис
29. September 2016 - 9:34

Грција треба да добие транша од 2,8 милијарди евра

Грција е на пат да добие заостаната транша од 2,8 милијарди евра, но тоа ќе се случи само откако грчката Влада ќе ги реализира мерките пропишани од европските кредитори, изјави шефот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) Клаус Реглинг по средба со грчкиот министер за финансии Еуклидис Цакалотос.

Според Реглинг, Европската комисија треба да провери дали грчката Влада ја финализирала примената на мерките кои ги наложија кредиторите, за да може Фондот да пристапи кон исплата на траншата, јавуваат грчките медиуми.

Поратолот „Њуз.ин“смета дека тоа де факто го отвора патот за исплата на траншата и оти тоа ќе се случи по состаноците на Европската работна група на ниво на експерти и на Еврогрупата на ниво на министри за финансии од еврозоната. Атина се надева дека ќе ја добие траншата до крајот на октомври.