Балкан
29. March 2021 - 16:38

Грција најави слободен влез за вакцинираните туристи од Србија, Македонија ќе стимулира домашен туризам

Грција ќе ги отвори границите за српските туристи во мај, а можно е и порано, уште наредниот  месец. Слободен влез ќе имаат вакцинираните, а ќе важат сите вакцини, вклучувајки ги и оние кои не се ододобрени во ЕУ. Останатите ќе мора да покажат задолжителен ПЦР или серолошки тест, а за деца до 10 години нема да биде потребна потврда за вакцининација. Со цел да се избегнат гужвите, за српските граѓани ке бидат отворени граничните премини со Македонија и со Бугарија. Ова по средбата во Белград го потврдија министрите за туризам на Грција и Србија, сепак останува да се потпише меморандум за признавање на српските дигитални сертификати.

Од македонската Влада велат дека нема да го следат примерот на Србија, бидејки не сакаат да ги загубат домашните туристи. 

- Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката Влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече Бектеши.

Србија, покрај  САД, Велика Британија, Израел и Малта, ке биде ќе биде петта земја со која Грција ќе ги отвори границите.