Грчкиот Парламент и изгласа доверба на Владата на Ципрас
Грчкиот Парламент рано изутринава и изгласа доверба на новата Влада на премиерот Алексис Ципрас.
За доверба на Кабинетот се изјаснија 155 од вкупно 300-те пратеници во Парламентот, од редовите на двете партии од владината коалиција - Сириза и Независни Грци (АНЕЛ).
Во обраќањето пред пратениците пред гласањето, Ципрас вети дека до 2019 година неговата Влада ќе ја извлече Грција од кризата.
Тој побара првата оценка по новиот договор за спас во вредност од 86 милијарди долари да биде готова до крајот на ноември, по што Владата до крајот на годината би можела да почне преговори за отпишување на грчкиот долг.
- Брзо ќе ја преминеме пречката со првата оценка, ќе ги решиме големите прашања со докапитализацијата на банките и долгот и ќе продолжиме постепено да ја менуваме Грција, порача Ципрас во обраќањето пред пратениците.
Аналиитчарите проценуваат дека првиот вистински тест владиното мнозинство ќе го има во текот на следните недели при гласањето по реформите, кои вклучуваат и зголемување на даноците и намалување на пензиите, што е услов за исплата на нова транша од помошта во износ од три милијарди евра и деблокирање на 25-те милијарди евра наменети за докапитализација на банките.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто