Македонија
22. March 2018 - 16:07

Грчки медиуми: Коѕијас во Скопје со добро познатите црвени линии

Грчките медиуми со голем интерес ја следат посетата на Козиас на Скопје. Пренесуваат дека нацрт спогодбата која ке ја  донесе  нивниот министер содржи седум  клучни точки:  името, употребата на името, јазикот, идентитетот, трговската употреба, акронимите и кратенките.  

Се анализира во кои  делови  на драфт верзиите има поклопувања,  а во кои разлики во позициите на двете страни. 

Медиумите потенцираат дека  Атина инсистира на  промена на македонскиот устав, опсегот на употреба на новото име, но и идентитетот, но со тоа не се согласува другата страна. 

Различни ставови има и во самата влада  ,  пишуваат весниците, потсетувајки на  расколот на Ципрас  со коалициониот партнер Каменос кој цврсто е залага против употребата на терминот Македонија во името. И  портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос за телевизијата Блу Скај  потврди дека текстот се базира на  сложено име за севкупна употреба за што ќе биде потребна измени во Уставот на Македонија.

Во меѓувреме, амбсадарот на САД во Грција Џефри Пајат  истакна дека двете страни имаат целосна поддршка од Вашингтон конечно да се затвори ова повеке децениско прашање.

Се очекува спорот за името да биде и една од темите на самитот ЕУ денес и утре во Брисел, во контекст на новата европска стратегија за проширување кон Западниот Балкан.