Македонија
14. July 2020 - 16:46

Границите на ЕУ за македонски државјани спуштени до 1 август

Границите на ЕУ ке останат затворени за Македонија до крајот на јули, а  од листата безбедни земји најверојатно ке бидат исфрлени  Србија и Црна Гора. Ова се првичните информации од Брисел , каде се подготвува  новата ревидирана листа  на трети држави на кои ке им биде дозволен влез во Унијата. Се очекува оваа листа да биде објавена следниве два дена.  На претходниот список , објавен минатиот месец, главен услов  за отворање на границите беше државата да има помалку од 16 случаи на 100 000 жители во период од две недели. Листата  се разгледува на  секои две недели, а во зависност од епидемилошката слика може да се промени.

И додека министрите на ЕУ го кројат новиот список , Австрија одлучи да  ги затвори своите аеродроми за земјите од западен Балкан, вклучувајки ја и Македонија. Забрането е и слетување на авионите од Бугарија, Романија, Молдавија и Египет, вкупно се работи за 18 земји, за кои австриските власти веруваат дека се ризични на за ширење на корона вирусот. Забраната ке важи од 15 до 31 јули. Исклучоци од оваа одредба ке бидат  летови во интерес на Австрија , слетување на карго авиони и авиони кои пренесуваат болни или ги вракаат австриските државјани , превезуваат медицински лица  и работници за помош во земјоделството.

И грчките општинари инсистираат да се заострат  мерките  на границите со Македонија.  Властите на  Кукуш и Лерин  бараат да се спроведат  строги контроли  од  грчката страна на  двата гранични премини Дојран и Евзони за жителите на пограничните делови кои често патуваат во соседна Македонија за да не се ширел вирусот.