Loading Video...
Свет
30. July 2020 - 16:31

Границите на ЕУ ќе останат затворени за македонските граѓани до септември

Границите на ЕУ ќе останат затворени за македонските граѓани до септември. Оваа одлука е потврдена од амбасадорите на земјите членки. Тие оценија дека епидемиолошка слика во државите од Западен Балкан е лоша поради што останува забраната за влез. Амбасадорите одлучија и да ја редуцираат листата на безбедни земји и сега на неа се наоѓаат само Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај. Иако списокот по правило треба да се ревидира на секои 15 дена, поради годишните одмори во институциите на Унијата таа ќе остане во сила во текот на целиот август.

Во Бугарија не стивнуваат протестите. Граѓаните ја обвинуваат Владата за врски со мафијата, корупција, одбивање да ги спроведат судските реформи и дека ја потиснуваат слободата на говорот.

Оставка од Владата на главниот обвинител побара и бугарскиот претседател Радев.

Во меѓувреме премиерот Борисов им порача на демонстраните да се стрпат до следните избори.

Борисов е на власт од 2009 година, а неговиот трет мандат завршува во март 2021 година.

Договорот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите ќе биде потпишан  дури откако двете страни ќе постигнат согласност за отворените прашања, соопшти Брисел. Српскиот претседател Вучик остро реагираше на тврдењата на косовскиот премиер Хоти дека во бриселските канцеларии веќе се пишува конечниот догвор, но од Унијата објаснија дека на хартија во моментов се става она што произлегува од состаноците.

Во меѓувреме во Брисел денеска се продолжи со експертските состаноци во рамките на политичкиот дијалог меѓу Косово и Србија.