Бизнис
10. јуни 2021 - 16:44

Граѓаните се жалат на повисоки сметки за парно, БЕГ тврди дека грејната сезона траела 10 дена подолго

На дел од потрошувачите БЕГ им испорача повисоки сметки за месец мај. Граѓаните се желат дека во споредба со претходните, новите фактури им се повисоки од 500 до 1000 денари, но и за повеќе. И од Регулаторна комисија за Сител потврдија дека и до нив се пожалиле потрошувачи на повисоки  сметки.

Од Бег тврдат дека тоа се случува поради порамнувањето на фактурите, кое секоја година се прави во овој период. Но од таму уверуваат дека кај 53 отсто од граѓаните кои ги плаќаат фактурите на 12 месеци, ќе бидат испорачани пониски порамнителни фактури во споредба со авансните.

Висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот. Потрошувачите, во текот на целата година, во фактурите добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во фактурите за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена, се вели во дописот од БЕГ.

Од компанијата тврдат дека влијание на порамнувањето има и тоа што грејната сезона годинава била продолжена за 10 дена - до 25 април, температурите во некои месеци биле значително пониски од прогнозираните, но и тоа што околу 7.000 исклучени потрошувачи повеќе не плаќаат паушал.

Нова корекција на цената на парното ќе има до крајот на јули. Од РКЕ велат дека веќе ги добиле пресметките за трошоците од компанијата и во слендот период ќе се разгледуваат. Минатата година цената на топлинската енергија остана иста. Во моментов  градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.