Македонија
21. јуни 2021 - 16:58

Граѓаните го кренаа гласот против најавите за дополнителни индустриски капацитети во Гази Баба

Не сакаме дополнителна индустрија во Гази Баба. Граѓаните на една од најзагадените општини на Скопје со јасна порака до надлежните, по најавите дека во Железара се предвидува изградба на постројки за физички и хемиски третман на фабрички отпад.

На денешната јавна презентација на извештајот, еколозите и граѓаните не добија одговор – зошто просторот од над 200 илјади квадратни метри добил токму ваква намена. Не се уверени дека станува збор за незагадувачка индустрија и обвинија за кршење на процедурите.

Забелешките се запишани, останува уште многу расправа пред да се донесат урбанистичките планови, вели градоначалникот на општината.

Граѓаните побараа и Дислокација на фабричкиот комплекс Железара и пренамена на плановите за третман на отпад. Тие најавија протести и организирање на локален референдум доколку не биде чуен нивниот глас.