Македонија
15. October 2019 - 16:48

Градот Скопје ја сруши куќата на булеварот „Трета македонска бригада“

Град Скопје го сруши домот на Љупчо Божинов. Сопственикот веќе четири години поминува голгота низ административните лавиринти со Градот. Куќата на „Трета Македонска Бригада“ беше пречка за проширување на булеварот, но на крајот надлежните се одлучија да ја заобиколат.

Божинов тврди дека иако се уште траат судските процедури за докажување на сопственоста надлежните се одлучиле да го срушат објектот.

Божинов вели, правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.

Од Град Скопје велат дека со постапката ќе се зголеми безбедноста на булеварот.

- Самиот објект, по имотниот лист е во сопственост на Град Скопје, а до сега се водеше правна постапка за преeземање на владение на објектот. Градот Скопје, преку овластен извршител, достави решение до лицето кое живее таму за празнање на објектот и преземање на владение врз истиот. По поминување на сите рокови и исцрпување на сте правни лекови за извршување на налогот. Градот закажа присилно исселување за 16.10.2019 година, до што сопственикот денеска (15.10.2019 година) доброволно го предаде објектот, а Градот Скопје го превзеде владението на објектот и доби решение од овластениот извршител.