Грабар-Китаровиќ го разреши командантот на воздухопловството
Претседателот и врховен командант на оружените сили на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ го пензионираше командантот на Хрватското воено воздухопловство, бригадниот генерал Мато Микиќ, по случајот со шверц на оружје во задарската воздушна база Земуник, јави Нова ТВ.
Телевизијата јави дека добила потврда дека е сменет и командантот на таа база, бригадир Марио Плеша.
Аферата избувна во хрватската јавност откако телевизијата откри дека воените пилоти прошверцувале и со хеликоптер превезле маж, осомничен за трговија со муниција.
Според Хина, Кабинетот на претседателката не сакал да одговори на прашањето за нејзините потези, но информираа дека за утре е предвидена прес-конференција на таа тема.
Вицепремиерот и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ во петокот во Земуник изјави дека невојничкото однесување треба да биде санкционирано.
Ново на Сител
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици