Loading Video...
Фудбал
22. September 2022 - 19:53

Горан Пандев ја заврши богатата фудбалска кариера

Македонската фубалска легенда Горан Пандев во пресрет на петтата деценија  ја информираше јавноста дека ја завршува богатата кариера но ќе остане во фудбалот како директор или менаџер.  
Горан Пандев заминува со голем печат врз македонскиот фудбал, како репрезентативец, интернационалец  и рекордер по бројот на натпревари  122 во националниот тим за кој постигна и 38 гола. 
Играше за великаните на италијанскиот фудбал,  Интер, Наполи и Лацио  каде замина од својата Беласица.  Ја освои ЛШ и светската клупска титула со Интер и италијанското првенство. Беше и првак на Турција со Галатасарај  а освои и куп трофеј со Лацио. 
Неговиот кам-бек во националниот тим ја вивна Македонија на Европското првенство за прв и единствен пат во својата историја. 
Последен тим за кој настапуваше беше Парма по што летото остана без ангажман и со годините како што изјави денеска самиот Пандев  време е за пензија. 
Многу наши фудбалери настапуваа во странство но засега Пандев е единствениот кој дел од својата заработка ја инвестираше во македонскиот фудбал и ја создаде Академија Пандев а потоа и клубот со идентично име кој настапува во Првата лига. 
Нашата легенда заминува од терените но сигурно ќе знае и умее своето богато искуство да им го пренесе на младите за кои рече дека сака да разговара со нив , да им помага и да ги гледа нивните натпревари.