Loading Video...
Фудбал
30. April 2021 - 11:05

Голем „кис“ на Барса во дуелот со Гранада

Екипата на Барселона не само што пропушти шанса да избие на првото место на табелата во Ла Лига, туку му направи и услога на лидерот Атлетико Марди, кој остана со два бода повеќе од каталонскиот тим. 
 
Иако Барселона важеше за голем фаворит во дуелот против Гранада, а тоа го потврди и со водството во 23-минута кога Лионел Мести постигна гол, сепак наместо три, на крајот остана без ниту еден освоен бод. 
 
За тоа се погрижија Дарвин Мачис во 63-тата и Хорхе Молина во 79.минута, кои ги постигнаа двата гола за Гранада и му донесоа триумф на гостинскиот тим. 
 
Така Барселона остана на третото место на табелата со 71 бод колку што има и второ рангираниот Реал, а лидерот Атлетико има два бода повеќе од конкурентите. До крајот на првенството остануваат уште пет кола, а се чини клучен за шампионскиот трофеј ќе биде дуелот меѓу Барселона и Атлетико закажан за 8 мај на „Камп Ноу“.