Македонија
6. December 2022 - 12:31

Голем број деца заразени со варичела во градинките во Охрид

Во охридските градинки врие од варичела.После две години пауза овчите сипаници повторно се појавија кај најмладите епидемиолозите смируваат велат дека ваквата појава за овој перод од годината  е нормална и посочуваат до родителите, децата кои не се чувствуваат добро и имаат температура да не се носат во градинка бидејќи  се инфективни пред да се појави осипот.

За време на пандемијата со Ковид 19 како што велат епидемиолозите немаше ни сезонски грип ни овчи сипаници.

Вирусот е многу заразен, а децата се разболуваат преку меѓусебните контакти, во градинки, игротеки, и при дружења.

Во Македонија не се дава вакцина против варичела.