Македонија
24. January 2020 - 19:12

Годинава нема да има субвенции за набавка на инвертор клими

Со садење на ароматични растенија и елки во училишните дворови надлежните се борат против аерозагадувањето. 7000 м2 дворна површина е разеленета во скопската  гимназија Никола Карев со пари од ланската програма на Владата за борба против загадувањето. Граѓаните за да добијат субвенција за инвертери, ќе почекаат да помине и оваа зима.

Во Скопје две средни училишта се уште ја загадуваат околината за да се затоплат во зима.

Надлежните уверуваат дека оваа сезона и покрај високите концентрации на штетни честички во воздухот, не биле исполнети услови за преземање итни мерки. Зимава  само во Струмица и Тетово бил достигнат прагот на алармирање поради аерозагадување, за разлика од ланската година кога бил прологниран стартот на учебната година и 4 пати биле активирани итни мерки. Според надлежните, резултатите се до толку видливи, што Македонија  била посочувана како  пример во регионот за успешни политики во борбата против аерозагадувањето.