Ѓорѓиевски: Барањата за притвор од СЈО се политички обид за притисок врз судот
Барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се политички обид за притисок врз Апелациониот суд со цел да не ги поништи одлуките за одземање на патните исправи донесени во првостепена постапка, изјави денеска Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на партијата се донесени под притисок. Тоа јасно се гледа по образложенијата, каде нема ниту еден аргумент за одземањето. Токму и првичното барање за притвор е одбиено бидејќи не постои опасност од бегство, односно судот увидел дека се апсурдни, неосновани и политички сомневањата на СЈО, рече Ѓорѓиевски.
Според него, барањата за мерките на претпазливост се без правна основа, неаргументирани и политички мотивирани со цел да се создаде материјал за медиумите на СДС кои треба да го претстават ВМРО-ДПМНЕ во негативно светло кај граѓаните во пресрет на претстојните локални избори.
- Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една причина за бегство, бидејќи нема сторено ниту едно кривично дело. Обвинувањата насочени кон луѓе од партијата се целосно политички мотивирани. Судот не смее да одлучува врз база на сугестии и притисоци, туку исклучиво врз база на докази, истакна Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев