Loading Video...
Тенис
5. October 2019 - 14:53

Ѓоковиќ се врати од повредата и стигна до финале во Токио

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на АТП турнирот во Токио. 

Србинот, кој по УС опен отсуствуваше од терените поради повреда, стигна до своето 110-то финале на АТП турнирите. 

Ѓоковиќ за 1 час и 29 минути во полуфиналето во кое се одиграа два сета го совлада Французинот, Дејвид Гофин со 6-3 и 6-4 

Во петтото финале во Токио, Ѓоковиќ за противник ќе го има Австралијанецот, Џон Милман кој во полуфиналето со 2-0 беше подобар од Американецот Опелка.