Loading Video...
Тенис
8. July 2022 - 19:11

Ѓоковиќ против Киргијос во финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ и Ник Киргијопс ќе играат во финалето на неофицијалното светско тениско првенство како го нарекуваат турнирот на Вимблдон. 
 
Наместо два денеска се игра само еден полуфинален меч кај мажите. 
 
Имено (2) Рафаел Надал кој победи на првите два овогодишни Гренд-слем турнири во Мелбурн и Париз, поради повреда на стомакот го откажа својот настап, па Австралиецот, Ник Киргијос без борба директно се пласира во финалето.
 
Противник на Киргијос во неделното финале ќе бите бранителот на трофејот и прв фаворит Новак Ѓоковиќ кој во четири сета го победи домашниот тенисер Камерон Нори. 
Британецот го допбио првиот сет со 6-2 но следните три му припаднаа на Ѓоковиќ со  6-3, 6-2 и 6-4 
 
Така Србинот ќе го игра своето 8-мо финале на Вимблдон, во кое ќе атакува на вкупно седмиот трофеј, а четврти последователен. Машкото финале програмата е во недела 
 
Потсетување дека утре на програмата е финалето кај дамите. За својот првт Гренд-слем трифеј ќе се борат 3-носителка Онс Џабер од Тунис и 17-то рангираната на Вимблдон, Елена Рибакина од Казахстан.