Loading Video...
Тенис
14. јуни 2020 - 18:14

Ѓоковиќ остајна без финале на својот турнир во Белград

 
 
Најдобро рангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, нема да игра во финалето на егзибицискиот турнир „АдриаТур“, што во негова органзиација се одржува во Белград. 
 
Иако Ѓоковиќ попладнево бепе подобар од Германецот, Александер Зверев со 2:1 во сетови (4:0, 1:4 и 4:2), сепак остана без финале. Причина е вчерашниот пораз од сонародник Филип Крајиновиќ кој го совлада Ѓоковиќ со 2:1 (4-2, 2-4 и 4-1), а кој пак денеска беше подобар во два сета од Виктор Троицки (4-0 и 4-3).
 
Негов противник во финалето ќе биде победникот од мечот меѓу Австриецот, Доминик Тим и Григор Димитров од Бугарија.