Loading Video...
Тенис
25. April 2022 - 18:04

Ѓоковиќ и Швјатек остануваат на лидерските позиции на АТП и ВТА ранг листите

Понеделнички вообичаено се објавуваат и најновите тениски ранг листи
 
Новак Ѓоковиќ иако не успеа да ја израдува домашната публика на турниот во Белград каде беше поразен од Андреј Рубљов, сепак Србинот и натаму е лидер на АТП ранг листата. Ѓоковиќ сега има 320 бодови повеќе од второ рангираниот Данил Медведев. 
 
Зад нив следуваат Зверев, Надал, Циципас, Беретини, Руд и Рубљев.  Промена во ТОП 10 ја направи Шпанецот, Алкараз кој скокна две позиции и сега е девети, оставјќи ги зад себе Канаѓанецот, Оже-Алијасим и Британецот, Нори.
 
Кај дамите. 
 
Полската тенисерка Ига Швјатек, која триумфира на турнирот во Штутгарт совладувајќи ја Сабаленка во два сета, се зацврсти на лидерското место на ВТА листата. 
 
Единствената промена на листата во ТОП 10-те рангирани тенисерки е на второто и третото место, па така сега втора е Паула Бадоса од Шпанија, а Барбора Крејчикова од Чашка падна на третата позиција.