Loading Video...
Тенис
10. јуни 2021 - 10:35

Ѓоковиќ и Надал во полуфиналето на Роланд Гарос

Светскиот реќет број 1 и прв носител на Роланд Гарос, Новак Ѓоковиќ е последниот кој обезбеди пласман во полуфиналето на Роланд Гарос. 
 
Србинот во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот, Матео Беретини со 3:1 во сетови. Ѓоковиќ ги доби првтите два со 6-3 и 6-2, но следниот во кој се играше тајбрејк му припадна на Италијанецот 7-6 (7-5). Во четвртиот сет Ѓоковиќ славеше со 7-5, за победа со конечни 3:1 во сетови.
 
Така Ѓоковиќ се избори за ново полуфинале во кое за противник ќе го има „кралот“ на замјените терени и најтрофејниот тенисер на Роланд Гарос, Рафаел Надал во мечот што ќе се игра утре. 
 
Покрај нив за влез во финалето ќе се борат 5-тиот и 6-тиот носител во Париз, Германецот, Александер Зверев и Гркот, Стефанос Циципас. 
 
Денеска на програмата се полуфиналните дуели кај дамите, а во нив ќе играат, (31) Анастасија Пављученкова, Русија -  Тамара Зиданшек, Словенија и Барбора Крејчикова, Чешка – (17) Мариа Сакари, Грција.