Loading Video...
Тенис
30. July 2020 - 15:43

Ѓоковиќ и Надал ќе играат во Синсинати!? Барти нема да биде дел од УС Опен

 
Неполн месец пред рестартот на тениската АТП сезона, организаторот на турнирот во Синсинати ја објави листата на учесници.
 
На листата се најдоа и имињата на двајцата најдобри тенисери во светот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, иако тие засега го немаат потврдено своето учество
 
Затоа пак најдобро рангираната светска тенисерка Ешли Барти, нема да биде дел турнирот во Синсинати, но и од Гренд-слемот УС опен, во Њујорк, град каде Корона вирусот има најголем замав во светот.
 
„Ризикот од ковид-19 за настап во Њу Јорк е голем, но затоа пак одлуката за Ролан Гарос дополнително ќе ја донесам“, изјави Австралиската, покрај која на турнирот во Синсинати нема да настапат ниту Ешли Барти, Наоми Осака, Симона Халеп и Елина Свитолина.
 
Според планот турнирот треба да се игра во периодот од 22 до 28 август.