Loading Video...
Кошарка
15. September 2022 - 9:54

Германија – Шпанија и Полска – Франција во 1/2-финалето на Евробаскетот

Европа ќе добие нов кошаркарски шампион. 
 
Ова откако селекцијата на Полска во последниот четвртфинален дуел на ЕП чија завршница се игра во Берлин, го совлада бранителот на шампионскиот трофеј Словенија со 90-87. 
 
Со тоа Полјаците направија уште едно големо изненадување на првенството, елиминирајќи уште еден од фаворитите за златниот медал, откако тоа во четвртфиналето го направија Германците со елиминацијата на Грција, односно претходно во осминафиналната рунда Италија ја елиминира Србија. 
 
Така во четворката која ќе се бори за медали сега главен фаворит е реконструираната селекција на актуелниот светски шампион Шпанија, која ќе има тешка задача да го потврди приматот на фаворит во дуелот со одличната домашна селекција на Германија. 
 
Полуфиналниот дуел меѓу овие две селекции ќе се игра утре во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути, откако претходно од 17 часот и 15 минути, својот полуфинален меч ќе го одиграат Франција и Полска. 
 
Последните два натпревари на Евробаскетот на кој ќе се поделат медалите се во истите термини во недела.