Спорт плус
29. July 2021 - 16:37

Георгиевски: Ова е медал за цела Македонија

Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски  пристигна во Македонија од олимпијадата во Токио и на скопскиот Аеродром беше пречекан до голем број фанови кои дојдоа по топлото време да го поздрават освојувачот на сребрен медал на ЛОИ во Токио. 

Очигледно дека ова е најубавиот момент за овој голем спортист кој го преплавија емоции по големиот успех: „Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа да ми дадат поддршка. Мило ми е што сме во толку голем број. Ве поканувам сите да го прославиме овој успех, затоа што овој успех е за цел народ во Македонија. Емоциите почнаа да работат кога пристигнав тука и ги забележав сите кои дојдоа да ми дадат поддршка“.