Георгиески: Грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво
Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Геогриески.
Согласно препораките на УНЕСКО, беше формирано ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија. Локалната самоуправа беше вклучена во постапката за поделба на МЈП „Проаква“, со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата, потенцира Георгиески.
Додава дека изготвена е Студијата за валоризација на Охридското Езеро, со која се обврзаа за директно учество во заштитата на биолошката разновидност. Оваа студија ќе обезбеди висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот.
Остануваме максимално посветени на заштитата на езерската вода и креираме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина. Предвидуваме изградба на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, со што ќе се надминат проблемите со отпадните води. Исто така, остануваме посветени на новиот концепт за уредување на крајбрежјето кој ќе биде во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштита Охридското Езеро, вели Георгиески.
Во текот на изминатите четири години во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Носиме нови проекти за подобри услови за животот на сите наши граѓани. Силната динамиката не смее да запре во ниту еден момент. Имаме јасна визија за развој во сите сфери на општественото живеење. На 31-ви октомври заедно да продолжиме напред и да донесеме уште една голема победа во Охрид, додава Георгиески.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација