Loading Video...
Фудбал
7. јуни 2021 - 13:25

Фудбалерите, но и навивачите се подготвуваат за заминување во Букурешт

 
 
Најдобрите македонски фудбалери денеска имаат слободен ден, кој ќе го искористат за одмор, но првенствено подготовка за утрешното заминување за Букурешт, каде во недела на 13 јуни ќе го имаат своето деби на ЕП. 
 
Радува фактот дека нашиот национален тим за Романија патува во комплетен состав, односно дека по пријателските средби со Словенија (1-1) и Казахстан (4-0), нема повредени играчи, а во тимот е и Енес Барди кој ја мина ковид изолацијата. 
 
Фудбалерите утре наутро заминуваат за Букурешт каде ќе ги направат и последните подготовки пред мечот со Австрија, во недела од 18 часот. 
 
Тие сигурно ќе имаат и поддршка од трибините на националната романска арена, од македонските навивачи кои имаа среќа да обезбедат билети за натпреварите со Австрија и Украина, а каква и во која мера ќе биде поддршката говори портпаролот на федерацијата Златко Андоновски