Тенис
24. March 2018 - 9:20

Французинот Пер го елиминира Ѓоковиќ

Ново разочарување од  Новак Ѓоковиќ овојпат н турнирот во Мајами каде е елиминиран  од Французинот Беноа Пер со 6:3/6:4.

Шесткратниот првак со овој пораз се прекина победничката низа од 16 меча на турнирот за деветтиот носител, кој беше елиминиран и во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, но пред мечот изјавуваше дека неговиот десен лакт е 100 отсто подготвен за игра првпат по подолго време.

Ѓоковиќ, кој победи на турнирите во 2014, 2015 и 2016 пред да го пропушти минатогодишниот турнир, исто така имаше низа од 21 победа над тенисери од Франција. Пер имаше девет аса и освои 71 отсто од поените на свој сервис.