Loading Video...
Тенис
10. November 2019 - 16:42

Французинките го освоија „Федерејшн Купот“

Тенисерките на Франција се победнички на годинашното издание на „Федерејшн купот“. 
 
Откако по дуелите во поединечна конкуренција резултатот бнеше израмнет 2:2, во решавачкиот пети меч, француската двојка Кристина Младеновиќ и Каролин Гарсија беа подобри од Австралијките, Ешли Барти и Саманта Штосур.
 
Французинките го добија мечот кој траеше 1 час и 20 минути и тоа во два сета со 6-4 и 6-3. 
 
Со тоа на Франција и го донесоа третиот трофеј во ова натпреварување, по триумфите во 1997 и 2003 година.