Македонија
21. November 2019 - 16:54

Франција повеќе не е пречка, Македонија ја доби поддршката за прием во НАТО

Македонија на еден чекор до полноправно членство во НАТО. Нешто повеќе од еден час им требаше на француските пратеници да го ратификуваат пристапниот протокол за членство на Македонија во Алијансата, по што останува уште Шпанија, за да се заокружи целокупниот процес.

Честитки по повод последната ратификација упати и францускиот амбасадор Тимоние, кој очекува Македонија многу бргу да почне да придонесува за светската безбедност.

Француската ратификација ја поздрави и американската амбасадорка во земјава, потсетувајќи дека со членството доаѓаат и серизони обврски.

Македонија сега чека формирање на влада во Шпанија и брза ратификација во шпанскиот парламент. До властите во земјава доаѓаат позитивни пораки.

“Првата информација беше оптимистичка, дека веќе се собира мнозинство...”, изјави министерката Радмила Шекеринска.

На седницата на францускиот парламент беше испратена и порака дека европската перспектива на Македонија не е загрозена.

Државната секретарка за европски прашања Амели де Моншалан уште еднаш ги објасни француските позиции за проширувањето на ЕУ, прецизирајќи дека нашиот марш кон членството во Унијата не е доведен во прашање.