Loading Video...
Кошарка
10. September 2022 - 18:55

Франција и Словенија први четвртфиналисти на Евробаскетот

Франција и Словенија обезбедија пласман во 1/4 финалето на Европското кошаркарско првенство, чија завршница се игра во Берлин. 
 
Во првиот меч од денешната осминафинална програма Французите, со многу среќа и по дополнителни 5 минути, ја победија Турција 
со 87-86 откако регуларниот дел заврши нерешено 77-77.
 
„Триколорите“ во четвтфиналето ќе играат со победникот до дуелот меѓу Србија и Италија кој на програмата е утре. 
 
Актуелниот европски шампион Словенија предводен од Лука Дончиќ и неговите 35 поени ја победи Белгија со 88-72, па сега ќе го чека исходот од утрешниот меч меѓу Украина и Полска од кој победникот ќе биде противник на Словенија во четвртфиналето. 
 
Денеска на програмата се уште две осминафинални средби. 
 
Домаќинот Германија игра против Црна Гора, а во вечерниот термин се среќаваат Шпанија и Литванија. 
 
Утре покрај веќе споменатите два натпревари ќе се одиграат и дуелите меѓу Хрватска и Финска односно Грција и Чешка.