Македонија
27. August 2016 - 16:06

Форум за безбедност во Охрид: Македонија останува на патот кон НАТО

Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО што поскоро.

Министерството за одбрана продолжува со реформите во армијата и во одбрамбениот сектор а воедно и да соработува со останатите земји членки на НАТО како во заеднички воени вежби така и во мисите на алијансата на Обединетите нации и ЕУ  истакна Јолевски на безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.

НАТО  е заедништво на демократските вредности, владењње ма правото на законот и демократска слобода  тоа е клучот на алијансата  во таа смисла е и поентата важно е Македонија да продолжи со реформите .

На НАТО самитот во Варшава Алијансата ја повтори поканата за членството на Македонија но сe постави уште едeн услов а тоа е разрешување на политичката ситуација во земјата.

На форумот покрај претставниците на алумни асоцијациите на Џорџ Маршал центарот од земјите на Западен Балкан учествуваат истакната професори аналитичари и експерти од регионот и пошироко.