Фондот за Западен Балкан започна со работа
Со екипирање на персоналот избран по процес на евалуација и селекција викендов во Тирана и официјално започна со работа Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан - ВБФ чија цел е поддршка на заеднички проекти на граѓанското општество, за зајакнување на контактите меѓу луѓето и севкупните процеси на регионална соработка.
Како што соопштија од ВБФ, на церемонијата организирана по тој повод во просториите на фондот во албанскиот главен град, извршниот директор Ѓерѓ Мура, кој истакна дека група искусни професионалци од нашиот регион се подготвени активно да придонесат за постигнување на целта на Фондот.
Новите членови на персоналот, кои доаѓаат од Белград, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана, имаа можност да се претстават пред присутните амбасадори од регионот и од земјите на Европската унија, претставници од албанското Министерство за Европа и надворешни работи и Европската делегација во Тирана.
Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан и негови главни цели се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија. Тоа ќе биде направено преку промовирање на заеднички вредности меѓу граѓаните, граѓанските организации и регионалните актери, преку зајакнување и обезбедување на конкретен пристап на ниво "луѓето-за-луѓето".
ВБФ (WBF http://westernbalkansfund.org) финансиски ќе поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области: образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој.
Првиот повик за предлози на кој ќе може да аплицираат граѓанските организации од Западен Балкан ќе биде објавен во текот на месец ноември, а повеќе информации за тоа ќе може да се добијат и преку информативните сесии кои ќе се организираат во текот на следните недели, најавуваат од ВБФ.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја