Loading Video...
Фудбал
5. January 2021 - 19:47

ФК Вардар остана без раководство

Продолжуваат проблемите на ФК Вардар, денеска оставки на функциите поднесоа  претседателот Мирко Спасески и директорот Самуил Симев.  Со ова шампионот по заминувањето на Васоски останува практично и без управа.  Навивачката група комити е во потрага по решение за клубот кој според  последните информации има долг од 2.4 милиони евра.
Навивачката група  Комити со соопштение до јавноста ја објасни состојбата во Вардар  и начинот на кој се обидуваат да помогнат да се надмине финансиската криза и да се најде нов спонзор на клубот кој по вторпат во својата историја е  пред колапс. 
Побарани се итни одговори од надлежните околу ФК Вардар - Град Скопје, Јавното Претпријатие за Стопанисување со Станбен и Деловен Простор (ПУИГ) и  Управата на Вардар се вели во дописот до јавноста на навивачката група во кој се потенцира на коректноста на Управата за јавни приходи но и на легендата на црвено-црните Дарко Панчев кој се согласил да ја тргне  блокадата  од сметката на клубот 
За жал  парите што требаше да бидат уплатени до крајот на минатата година за функционирање на сметката не се уплатени од страна на досегашниот спонзор со што состојбата се усложнува и можен е егзодус на играчкиот состав бидејќи рокот за исплата на фудбалерите е поместен до 31. Јануари пишуваат навивачите. 
Комитите бараат трпение од играчите но очигледно довербата е нарушена и работите можат да тргнат во погрешен правец се вели во нивното соопштение. 
Во меѓувреме денеска  до јавноста се обрати директорот  Самоил Симев кој  7 години минати во клубот  поднесе оставка на функцијата. Симев како причина ги наведува нереализираните ветувања.  Симев апелира да се најде решение бидејќи подготовките треба да започнат на 14-ти јануари. 
Неофицијално дознаваме оставка на функцијата поднел и претседателот  Мирко Спасески. 
Според последните информации клубот должи 2.4 милиони евра за кои има ветување од досегашниот спонзор дека ќе ги подмири до крајот на јануари.