Loading Video...
Фудбал
1. May 2021 - 19:52

ФК Силекс гневен на судењето на Качевски

Силекс и Борец ги поделија бодовите во Кратово играјќи 1-1 но централна фигура беше главниот судија Јован Качевски со неговите помошници.

Во таборот на Силекс се гневни на Качевски кој им ја украде победата. 

Првата судиска кражба ја бележиме во 4. Минута кога му поништија регуларен погодок на Ѓорѓиев поради наводен офсајд. 

Во 34. Мин Ѓорѓиев избегна офсајд стапица и го доведе Силекс во заслужено водство. 

Вториот дел започна со исклучувањето на Каракамишев поради втор жолт картон. 

Во 80-тата минута  Качевски измисли корнер по кој  велешани добија пенал кој успешно го реализира Мишов. 

Во финишот Силекс постигна нов погодок кој беше поништен поради офсајд.