Кошарка
29. August 2022 - 11:10

Финците први од Европа обезбедија пласман на СП

Паралелно со евро-квалификациите се играат и квалификациски натпревари за СП 2023. 
 
Финска првата европска земја која обезбеди пласман на Мундијалот
 
Финска славеа над Естонија со 76:68 и со седум победи и еден пораз односно 15 бода, се прво рангирани во својата група, а благодарение и на победата на Шведска која го совлада Израел со 95:83, Финците се првите Европејци што обезбедија учество на СП догодина. За Финска тоа ќе биде само второ учество на светските шампионати, откако првпат учествуваа во 2014 година.
 
Инаку први кои се квалификуваа на Мундобаскетот се кошаркарите од Брегот на Слоновата коска.