Македонија
15. December 2017 - 17:13

Филмските работници на протест поради намалениот буџет

Филмските работници излегоа на протест пред Министерството за култура, револтирани од најавите дека за престојната година ќе се кратат средствата наменети за филм. Тие побараа итна средба со министерот Алагозовски.

Пред насобраните филмски работници се обрати портпаролот Петрит Сарачини. Вистина е дека средствата ќе се намалат, но факт е и дека во минатото преку Агенцијата за филм биле злоупотребувани пари за проекти, рече Сарачини, посочувајки го примерот со серијалот Македонија.

Сарачини им вети на филмските работници дека ќе се состанат со министерот во понеделник кога тој ќе се врати од Албанија.