Филипче: Во стабилна состојба се пациентите на кои им беше трансплантирано срце
Пациентите на кои им беше трансплантирано срце од починат донор се во добра и стабилна состојба.
-Претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетив пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор. Двата пациенти се во добра и стабилна состојба, информираше министерот Венко Филипче.
Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пацент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба.
-Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, додава Филипче.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење