Филипче: Ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, а ВМРО-ДПМНЕ се будеше со идејата како да профитира
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на најголемата здравствена и економска криза, што го зафати светот лажеше, креираше лажни вести, се закануваше, а нивните закани се резултат на страв и несигурност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
„Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат“ нагласи Филипче, потсетувајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните.
„Слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани, не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби, ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници“, рече Филипче, додавајќи дека волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот.
„Изборот е јасен, на една страна ние транспарентно и одговорно работиме, го слушаме гласот на граѓаните и знаеме да ретерираме и одлуките да ги смениме, така се владее државнички и одговорно на другата се ВМРО-ДПМНЕ партија која промовира насилство и штити криминал, таква партија нема иднина, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи