Македонија
12. April 2021 - 18:30

Филипче: Две илјади кинески вакцини од „Синофарм“ до вечер ќе пристигнат во земјава

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа донација, посочува министерот, е од Обединетите Арапски Емирати.

-Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста, напиша Филипче.