Филхармонијата ќе ги затвори 40. Денови на македонска музика
Четириесеттите Денови на македонска музика ќе завршат вечер со симфониски концерт на Македонската филхармонија. Солист ќе биде виолончелистот Гал Фаганел (Словенија/САД), а концертот ќе го води британскиот диригент Крис Расман.
Ќе бидат изведени дела од неколку генерации македонски музички творци: Концертантна музика за виолончело и гудачи од Тома Прошев, третиот став од Симфонијата бр. 4 на Кирил Македонски, третиот став од Симфонијата бр. 7 „Пролет“ од циклусот „Четири годишни времиња“ на Ристо Аврамовски. Премиерно во Македонија ќе прозвучи и симфониското дело „Небесен попречувач“ на младиот автор Мајкл Бакрнчев.
Јубилејните Денови на македонска музика, кои ги организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), годинава на програмата имаа единаесет концертни термини, како и работилници, презентации и предавања. Манифестацијата почна на 27 март со концертот на инструментална музика „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација