Loading Video...
Кошарка
3. јуни 2021 - 11:47

Филаделфија, Атланта и Јута се пласираа во конференциското полуфинале

Филаделфија и Атланта го сочинуваат вториот полуфинален во Источната конференција од разогрувањето, односно плејофот во НБА лигата. 
 
Ова откако на синоќешните средби двата тима стигаа до четвртата победа во осминафиналните дуели. 
 
Филаделфија славеше против Вашингтон со 129-112 и со 4:1 во победи се пласира во следната рунда. Со истиот „скор“ 4:1 во победи и Атланта го мина Њу Јорк откако „хокси“ синоќа во „Медисон Сквер“ триумфираа со 103-89. 
 
Претходно место во полуфиналето на истокот и меѓусебен дуел изборија екипите на Милвоки и Бруклин. 
 
Екипата на Јута пак е првата која се пласира во полуфиналето на Западната конференција. „Џезерите“ до четвртата победа над Мемфис стигнаа со триумфот со 126-110. 
 
Тие сега ќе го исчекуваат исходот од пресметката меѓу Далас и ЛА Клперс во која „Маверикси“ имаат предност од 3:2 во победи, откако ноќеска повторно во Лос Анџелес славеа со 105-100. Интересно е да се спомене дека во петте изминати дуелите на овие две екипи, секогаш победи забележувале гостите. Ќе биде ли така и во мечот закажан за во сабота наутро во Далас останува да се види. 
 
Ноќеска на програмата се два дуели, Портланд – Денвер и ЛА Лејкерс – Феникс, а во нив гостите влегуваат во предност од 3:2 во победи, па доколку триумфираат и ноќеска тие ќе обезбедат меѓусебен дуел во конференциското полуфинале.