Loading Video...
Фудбал
27. March 2020 - 16:46

ФИФА со сет предлози сака да ги поддржи клубовите

Додека дел од спортистите пред се фудбалерите доброволно донираат и се откажуваат од своите примања, има и такви кои не се согласуваат со предлозите на клубовите. 
 
Затоа денеска Светската Фудбалска Федерација (ФИФА) излезе со предлог за надминување на оваа ситуација. 
 
Во соопштението на ФИФА кое доаѓа како предлог, се истакнува  дека,  фудбалерите и фудбалските работници треба да прифатат намалување на платите, за да се намали клупската криза, додека трае пандемијата со Корона вирусот. 
 
Масовното ширење на вирусот низ целиот свет е главната причина за „замрзнување“ на сите спортски активности.
 
Затоа челниците на ФИФА одржаа состанок со Здружението на Европски Клубови и Асоцијацијата на професионални фудбалери (ФИФПро).
 
Една од препораките на ФИФА е потребата од намалување на платите, а разумно би било намалување до најмногу до 50%, а што се однесува на актуелните договори кои истекуваат на 30 јуни, истите да бидат со важност до крајот на сезоната без разлика во кој месец ќе завршат шампионатите. 
 
За да се избегне банкрот на клубовите од  „помалите лиги“, ФИФА планира  формирање на солидарен фонд, преку кој ќе можат за бидат исплаќани   фудбалерите кои ќе останат без примања во следните месеци. 
 
По завршувањето на натпреварите во сите лига, да почне преодниот рок и тоа во времетраење од најмалку два месеци, а не се исклучува ниту можноста за преоден рок од три месеци.