Кошарка
23. March 2020 - 18:42

ФИБА нема да форсира продолжение на сезоната доколку нема сигурни услови за тоа

 
 
 
ФИБА го пренесува ставот на Претседателот и Генералниот секретар, Хамане Нианг и Андреас Заглис, кои  не ја кријат загриженоста од појавата на вирусот COVID-19 кој придонесе за прекин на сите кошаркарски активности
 
На 12 март ФИБА ги прекина своите натпреварувања. 
 
Многу од нив допрва треба да се завршат и тоа останува наша цел. Но тоа ќе се случи само доколку условите го дозволат тоа. Нема да ги замолиме нашите играчи да одат некаде, каде што не би ги испратиле ниту свои деца.
 
Се вели меѓу другото во писмото од челниците на ФИБА.