Фејсбук забрани огласи за изборна измама
Фејсбук забрани огласи за изборна измама, кои сугерираат дека резултатите од претстојните американски претседателски избори нема да бидат фер, и огласи во кои се напаѓа методот на гласање. Компанијата објави нови правила, откако претходно забрани пред изборите да се објавува кој е победник.
Фејсбук направи таков потег еден ден откако актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп ја искористи првата телевизиска дебата со демократскиот противкандидат Џо Бајден да изнесе неосновано тврдење дека изборите на 3 ноември ќе бидат „наместени“.
Трамп најмногу го критикуваше гласањето преку пошта, тврдејќи дека изборната измама е веќе во тек.
Тој се обиде тоа да го аргументира со неколку неповрзани инциденти. Фејсбук, исто така, ги отстрани огласите од кампањата на Трамп, кои сугерираат дека мигрантите би можеле да бидат значаен извор на зараза од коронавирус, повикувајќи се и на правилата за говор на омраза.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата