Тенис
22. October 2016 - 11:07

Федерер вознемирен од кризата на Ѓоковиќ

Роџер Федерер изјавил дека е вознемирен од тоа што Новак Ѓоковиќ се наоѓа во криза и дека не верувал дека српскиот тенисер ќе загуби во финалето на УС Опен од Стан Вавринка.
 
Швајцарецот, поради повредата на коленото не игра уште од завршувањето на Вимблдон, веќе ја заврши сезоната и се подготвува за 2017 година.
 
„Не верував дека Вавринка може да победи. Не затоа што имам нешто против него, туку поради тоа што мислев дека Ѓоковиќ не може да загуби во финалето на тој турнир. Новак минува низ криза и тоа ме вознемирува. Но, кога ќе ги освоите четирите Грен слем трофеи во низа, тогаш ви почнува нова кариера. Едноставно тогаш се прашувате: А зошто и понатаму да играм? Морате да го смените менталитетот, да се прашате кои ви се целите во иднина. Понекогаш тоа трае една недела или месец, можеби и цела година, а може да се случи никогаш повеќе да не го најдете вистинското чувство. Немојте да мислите дека Ѓоковиќ играше лошо. Се додека тој игра ќе победува, едноставно, тој е премногу добар играч“, заклучил Федерер.