Loading Video...
Тенис
8. February 2020 - 17:32

Федерер и Надал поставија рекорд

Роџер Федерер и Рафаел Надал поставија рекорд. Имено станува збор за рекордна посетеност на еден тениски меч. 
 
На егзибициски натпревар во Кејп Таун, Федерер и Надал играа пред 51.954 гледачи, што е за речиси 9.500 гледачи повеќе од претходниот рекорден меч меѓу Федерер и Александар Зверев во Мексико Сити одигран минатата година (пред 42.517 гледачи) 
 
Мечот кој Швајцарецот го доби со 2-1 (6:4, 3:6 и 6:3) имаше хуманитарен карактер, а целта беше да се соберат повеќе од еден милион долари за Фондацијата на Роџер Федерер, која поддржува образование во раното детство во шест африкански земји (Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Малави, Замбија и Зимбабве) и Швајцарија.
 
И во овој сегмент беше поставен рекорд односно беа собрани 3,5 милиони долари